Фудбал
Сагата не е завршена: “Модриќ ми кажа дека сака да премине во Интер”
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавноста по шпекулациите дека ќе го напушти Реал Мадрид и ќе потпише за Интер.
Тимот на Реал Мадрид, кој ја „покори“ Европа, полека се расејува, а по напуштањето на Кристијано Роналдо, Лука Модриќ може да го напушти Кралскиот клуб. Со денови се шпекулираше дека Модриќ сака да замине во Интер, но Реал Мадрид рече дека хрватскиот играч од средниот ред едноставно не е за продажба.
Кралскиот клуб одби две понуди што пристигнаа од Италија, но сагата сè уште не е завршена. Впрочем, агентот на хрватскиот репрезентативец, Владо Лемиќ, исто така, објави дека му кажал дека сака да оди во Интер. Модриќ ја призна својата желба да ја продолжи својата кариера во италијанската Серија А.
“Лука јасно ми кажа дека сака да биде ѕвезда во Серија А и тоа во дресот на Интер. Понудата се уште е тука, но се разбира, да се праша и Реал Мадрид. Треба да го почитува што не сакаат да го пуштат, но треба да се слушне и она што Модриќ го сака. До крајот на трансфер периодот има уште неколку недели и ќе видиме што ќе се случи “, рече Лемиќ за шпанските медиуми.