Connect with us

Фудбал

Сахити, екс фудбалер на македонски Работнички со гол донесе голема победа над Хајдук

Сплитските навивачи во шок, по голот на Емир Сахити постигнат попладнево за неговиот Шибеник. Со тоа урнат беше големиот Хајдук, со резултат од 1-0.

Сахити беше дел и еден од најдобрите фудбалери на Работнички, пред да замине во Хајдук, прво како член на вториот тим, а потоа одигра и четири меча за првиот, пред да оди во Шибеник на заем за оваа сезона.

Иако коронавирусот брзо се шири и во Хрватска, овој натпревар денеска не беше одложен како што претходно беше случајот со Осиек. На натпреварот имаше и присутна публика.