Connect with us

Фудбал

Сакал само фотографија со Меси, полицијата му нареди да ја избрише, „упадот“ го планирал со денови

Мечот се одигра без публика, но еден млад навивач успеа да влезе на стадионот, но и да влета на теренот и да го прекине натпреварот. Се работи за младо момче, по потекло од Франција, а кое живее во Мајорка. Ја прескокнал оградата висока два метри, влегол на стадионот без да го забележи обезбедувањето и влета на теренот на дуелот Мајорка-Барселона. Се што сакал е селфи со Лионел Меси, неговиот идол.

За радио „Cadena Cope” објасни зошто го направил тоа.

-Тоа го планирав уште откако дознав дека мечот ќе се одигра. Сакав фотографија со Лионел Меси и да го запознаам, бидејќи ми е идол. Добив фотографија, но не е баш добра, а полицијата ме натера да ја избришам. Застанав кај Жорди Алба за да му кажам дека ќе одам до Меси. Беше неверојатно искуство, изјави младото момче, које на теренот влета со дрес на Аргентина.