Други спортови
„Сакале или не, повторно ќе бидам шампион“
Британскиот боксер Ентони Џошуа (32) е уверен дека ќе ги врати титулите светски шампион во тешка категорија од Украинецот Олександр Усик.
Џошуа минатиот септември доживеа вистински дебакл во Лондон. Усик го тренираше 12 рунди и ги зеде титулите од WBA, IBF, WBO и IBO организациите.
Еј Џеј ја искористи клаузулата за реванш и се очекува вториот меч меѓу Усик и Џошуа да се одигра во април.
Британецот е убеден дека повторно ќе стане светски шампион.
„Ќе го победам во следната борба и ќе ги вратам тие појаси. По трет пат ќе станам светски шампион, го сакале или тоа луѓето“, изјави Ентони Џошуа.
Ентони Џошуа има 24-2 во кариерата. Покрај Усик, тој беше поразен и од Енди Руиз Џ.Р.