Connect with us

Фудбал

Сакаше да изгледа смирено, но Клоп очигледно беше многу лут: Вакво нешто не можам да направам (ВИДЕО)

Ливерпул ја отвори вратата на Манчестер Сити за титула со ремито против Тотенхем на „Енфилд“ (1:1).

Киксот на црвените против Спарси го доведоа тимот на Јирген Клоп во незавидна позиција на крајот од сезоната и Сити има голема шанса да го направи првенството неинтересно. Клоп по натпреварот истакна дека не му се допаѓа фудбалот кој го игра Тотенхем и тактиката што ја постави Антонио Конте.

„Прашувате погрешна личност за тоа, но јас сум човек кој не сака таков фудбал. Сепак, тоа е мој личен проблем. Ги сметам за врвен тим и верувам дека требаше да направат повеќе за фудбалот во овој натпревар“, рече Клоп.

 

„Играчите се светска класа и имаат 36 проценти посед на топката. Велам, тоа е мој проблем. Не можам да тренирам играчи на тој начин. Врвни одбранбени играчи. Ова го прави Атлетико Мадрид. Во ред е, во ред е ги почитувам сите, но јас не можам“.

Во борбата за титулата нема предавање.

„Овој бод е важен бидејќи имаме бод повеќе од пред натпреварот. Сега сме први, но така е. Ако ме прашувате мене, би било убаво и јас и Сити да ги загубиме сите натпревари до крајот. на сезоната Момците се поразочарани од мене“, изјави Клоп.

Манчестер Сити денеска има шанса да оди на три бода пред Ливерпул, а Граѓаните го играат својот натпревар против Њукасл.