Фудбал
Сакаше на Роналдо да му даде комплимент, па стана хит на социјалните мрежи: Тој е Кен, оној од Барби, убав!
Малкумина очекуваа дека Аталанта оваа сезона ќе биде еден од кандидатите за висок пласман. Во моментов тимот ги живее најубавите моменти во историјата на клубот. Се уште се дел од Лигата на шампионите, иако ја играат дебитантската сезона, а следната сезона повторно ќе ги гледаме во ова натпреварување, бидејќи во моментов се на второто место на табелата.
Еден од клучните играчи на Аталанта секако е Папу Гомез. Во дел од интервјуто за медиумите беше запрашан и за средбите со Кристијано Роналдо за време на нивните пресметки, односно дуелите помеѓу Аталанта и Јувентус.
Во обид да му даде комплимент на Португалецот, Папу Гомез се изглупира и стана хит на социјалните мрежи.
-Го прашав дали може да се фотографира со мојот син Баути, се колнам дека изгледа некако лажно, „фејк“. Но, сепак е неверојатен, згоден како кукла. Неверојатно е, тој е Кен, оној од Барби, убав, изјави Гомез.