Connect with us

Фудбал

“Сакав да истрчам од автобусот и да го треснам Вида на подот”

Хрватскиот репрезентативен тим направи историски успех со освојување на сребрен медал на Светското првенство во Русија.

Хрватска на патот до финалето во четврт-финалето одигра против Русија и успеа да слави по пеналите. По завршувањето на натпреварот во центарот на скандалот се најдоа Домагој Вида и Огњен Вукојевиќ кој ја провозираа руската јавност извикувајки “Слава на Украина”.

Затоа, ФИФА го предупреди Вида и се закани со суспензија, а „HNS“ одлучи Вукојевиќ да го отстрани од теренот и го испрати дома. Послем се се огласи и напаѓачот и Русија, Артем Џуба, кој призна дека сакаше да го удри Вида по натпреварот.

“Хрватите ме воодушевиа со играта на Светското првенство и тоа на натпревар против нас, но бев лут поради тоа што го направија Вида и Вукојевиќ. Сакав да истрчам од автобусот и да го треснам Вида на подот, но за среќа, успеав некако да се смирам. Подоцна тие испратија извинување и јас веќе не сум лут на нив “, рече Џуба.