Фудбал
Салах го реши градското дерби, Ливерпул подобар од Евертон
Ливерпул победи со 2:0 против Евертон во првиот натпревар од 9. коло на Премиер лигата и барем накратко го презеде врвот на табелата.
Работата на Ливерпул му ја олесни Ешли Јанг, фудбалерот на Евертон кој беше исклучен во 37. минута поради втор жолт картон. Ливерпул повеќе доминираше, имаше 77 проценти посед на топката и 26 удари кон гостинскиот гол.
Но, водечкиот гол не го постигна од игра, туку од пенал во 75. минута. Мохамед Салах беше сигурен. Тоа беше 200. првенствен гол за Египќанецот во кариерата. Во 97. минута Салах на асистенција на Дарвин Нуњез ја потврди победата на Ливерпул.
Ливерпул сега има 20 бода, исто колку и Тотенхем и Арсенал, но лондонските клубови имаат по натпревар помалку. Евертон е 16-ти со седум бодови.