Connect with us

Фудбал

Салах погоди, но само ги налути, Манчестер Сити го згази Ливерпул и тоа без Халанд (ВИДЕО)

Додека гледаше од трибините, неговиот тим го газеше Ливерпул во дербито на колото. Манчестер Сити забележа убедлива победа, иако прв Ливерпул го отвори резулатот преку Салах по 17 минути игра. Но, се чини дека овој гол само како да ги налути „Граѓаните“. Израмнувањето стигна десет минуити подоцна преку Алварез, а во вториот дел со по еден гол Гундоган, Де Брујн и Грилиш се погрижија за ефикасна победа и да се надомести отсуството на најдобриот стрелец Ерлинг Халанд кој има проблеми со препоните.