Connect with us

Фудбал

Салах повреден, го пропушта финалето во Лигата на шампионите?

Ливерпул денеска по пенал серијата го совлада Челзи и со тоа го освои трофејот во ФА Купот.

Сепак, „црвените“ не можат многу мирно да слават бидејќи нивните двајца најдобри играчи денеска го завршија натпреварот порано поради повреди, а тоа се Мохамед Салах и Вирџил ван Дијк.

Салах го напушти теренот со насмевка на лицето кога беше заменет во 33 минута од играта, бидејќи неговиот тим беше во водство. Она што е добро е што тој сам го напушти тревникот на Вембли.

 

Подоцна на клупата му се придружи дефанзивецот Ван Дијк, кој беше заменет со Матип пред продолженијата.

 

Ван Дијк по натпреварот изјави:

 

„Ќе го провериме тоа. Се чувствував во првото полувреме кога спринтав, почувствував убод зад коленото, играв понатаму. На крајот, не можам да ризикувам и морам да му верувам на Џоел. Се надевам дека ќе биде добро“.

 

Јирген Клоп веќе доби незгоден удар на претходниот натпревар на „црвените“, бидејќи Фабињо се повреди и треба да се врати во финалето на Лигата на шампионите.

 

Бразилецот на сличен начин го напушти теренот по 30 минути за време на премиерлигашкиот натпревар со Астон Вила, а подоцна беше потврдено дека ја истегнал тетивата.

 

Фабињо сега ќе биде надвор од теренот до финалето на Ливерпул во Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 28 мај, а работите би можеле да бидат потешки за Салах, кој сака да се реваншира за поразот од Реал во финалето во 2018 година кога се повреди од Серхио Рамос.

 

„Бидејќи од нив загубивме во финалето. Затоа сакам да играм против нив, се надевам дека ќе победиме против Реал“, изјави неодамна Салах.