Фудбал
Салах преку Твитер испрати порака до играчите на Атлетико пред реваншот на „Енфилд“
Ливерпул загуби од Атлетико Мадрид (1:0) во вторникот во првиот натпревар од осмото финале во Лигата на шампионите.
Атлетико Мадрид успеа да постигне гол уште на самиот старт на натпреварот кога Саул го совлада Алисон. Тимот од Мадрид одигра доста дефанзивно во финишот на натпреварот и беше јасно дека сакаат да ја задржат својата мрежа недопрена пред реваншот на „Енфилд“.
Атмосферата на „Ванда Метрополитано“ беше навистина бурна, а исто така беше и на теренот. Фудбалерите на Ливерпул на моменти беа разочарани од тоа колку беа груби играчите на Атлетико, а за тоа коментираа по натпреварот.
Но, јасно е дека „црвените“ се огромни фаворити на „Енфилд“ како што покажаа најдобро лани против Барселона. Секако, заради сè, фудбалерите на Ливерпул имаат многу мотивација, а тоа го покажуваат објавите на социјалните мрежи.
Првиот што се огласи беше Мохамед Салах, кој им стави до знаење на играчите на Атлетико дека „Енфилд“ ги чека, а поддршка во коментарите дадоа и неговите други соиграчи.
Она што е сигурно е дека не чека спектакуларен реванш на „Енфилд“ кој ќе се игра на 11 март, со почеток во 21 часот.
Anfield awaits… pic.twitter.com/iqutswcKfr
— Mohamed Salah (@MoSalah) February 20, 2020