Connect with us

Фудбал

Салихамиџиќ ја носи ѕвездата на Ливерпул во Баерн? Би-би-си јавува дека се водат преговори за викендот

Садио Мане е голема желба на Баерн и германскиот шампион се обидува да го донесе на крајот од сезоната.

Иако клубовите не преговарале, Би-Би-Си пренесува дека спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ викендов се сретнал со агентот на играчот за да разговараат за потенцијалниот трансфер.

Преговорите за продолжување на договорот помеѓу Ливерпул и Мане станаа тешки, а минхенскиот клуб сака да го искористи тоа и на лето да го откупи договорот на сенегалскиот репрезентативец.

Договорот на Мане со „црвените“ истекува во летото 2023 година, но како и Мохамед Салах создава проблеми во преговорите за негово продолжување.

Кога Салихамиџиќ беше прашан за Мане, тој рече дека клубот има „креативни идеи за летото“, навестувајќи засилувања, а ќе видиме дали Сенегалецот ќе биде еден од нив.

Откако пристигна во 2016 година, Мане постигна 117 гола на 264 натпревари и заедно со Салах е најголемата ѕвезда на клубот и најдобар стрелец и играч.

Мане оваа сезона постигна 20 гола во сите натпреварувања. Неговиот последен гол го постигна во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите над Виљареал, што му помогна на Ливерпул да се пласира во финалето кое ќе се игра на 28 мај во Париз.

Реклама

Facebook