Фудбал
Салцбург бара 100 милиони евра за нивната ѕвезда
Салцбург ја постави цената за супер ѕвездата, Ерлинг Браут Халанд. Австрискиот клуб бара 100 милиони евра за услуги на младиот норвешки напаѓач.
Ерлинг Браут Халанд е најмладата европска фудбалска сензација.
Норвешката супер sвезда блеска на дресот на Ред Бул Салцбург, во австрискиот фудбал и европскиот исто така.
Затоа, австрискиот клуб ја постави цената за 19-годишниот фудбалер.
Според извештаите на странските медиуми, Салцбург бара 100 милиони евра за Халанд.
Големите европски клубови како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус покажаа интерес за опасниот напаѓач.
Халанд го напиша своето име во историјата на Лигата на шампионите оваа сезона, постигнувајќи во првите три натпревари од групната фаза шест голови. Никој друг не го сторил тоа порано.
Клубот што ќе го потпише ќе направи долгорочно и безбедно решение за нападот, бидејќи Халанд гарантира голови, но и асистенции.
Досега реализира вкупно 22 гола во 15 меча во сите натпреварувања.