Connect with us

Фудбал

Само двајца играчи ја освоија Златната топка додека играа во Премиер лигата

Златната топка е веројатно најважната награда што еден фудбалер може да ја освои на индивидуално ниво.

Во последно време доминираат Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а единствениот играч кој успеа да ја освои Златната топка во нивната ера беше Лука Модриќ, кој успеа да го стори тоа во 2018 година.

Англиските медиуми направија интересна приказна на тема „Златната топка“ затоа што дојдоа до заклучок дека во историјата на оваа награда само двајца играчи успеале да бидат најдобри во светот додека играле за клуб од Премиер лигата.

Првиот што го стори тоа беше Мајкл Овен, кој беше член на Ливерпул во 2001 година. По него, следниот играч од Премиер лигата кој успеа да ја освои Златната топка е Кристијано Роналдо.

Роналдо ја освои првата од петте Златни топки во 2008 година додека беше играч на Манчестер Јунајтед. После тоа, немаше играчи од Премиер лигата што ја освоија оваа награда.

Секако, носител на рекорд е Меси кој освои шест Златни топки, додека неговиот најголем ривал Роналдо има еден помалку.