Connect with us

Ракомет

Само двајца ракометари на Вардар чинат колку целиот буџет на Металург

Македонскиот ракометен вицешампион, откако се прости од настапите во Лигата на шампионите, може целосон да се посвети на натпреварите во Регионланата СЕХА Лига. Прв противник во СЕХА за „Металурзите“ по завршувањето на настапите во елитното натпреварување ќе биде лутиот ривал Вардар, меч кој ќе се одигра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20.15 часот.

Тренерот на тимот од „Автокоманда“, Данило Брестовац очекува одличен натпревар од своите избраници, иако  ќе играат против еден од најдобрите тимови во Европа.

-Сите знаеме дека играме со една од најдобрите европски екипи, која може да се смести во Топ 4. Сепак, нашата игра се движи во нагорна линија, и очекуваме дека и во иднина ќе напредуваме. Во овој момент тоа најмногу ме радува, иако во Нови Сад учевме боречки вештини, во Прешов судиите како да не не сакаа. Искрено, во овој период немаме поддршка од вас новинарите за овој проект. Истиот пат го одевме во Вардар пред десетина години. Токму истите работи се случуваа, се до еден ден додека не го победивме Пелистер во Битола и ја освоиме титула. Очекувам дека и овие момци ќе го имаат тој момент. Серафимов е во одлична форма, Јагуриновски исто така, и тоа е добро за нас. Сега пред нас е тежок натпревар против екипа која е многу поквалитетна од нас и само двајца нивни ракометари чинат колку целиот наш буџет. Но, нема да се предадеме и ќе го оставиме срцето на терен, вели  Брестовац.

Металург моментно е на претпоследното место на табелата со четири бода, а Вардар е втор со 21 бод и сто колку што имаат и првопласираниот Татран Прешов и трето и четврто пласираните Нексе и ППД Загреб.