Connect with us

Фудбал

Само Ливерпул: Фирмино заминува, но не размислува за понуди

Роберто Фирмино ќе го напушти Ливерпул на крајот од оваа сезона.

Бразилецот одлучи дека е време за промена и дека нема да го продолжи договорот со „црвените“.

Откако пристигна на „Енфилд“ во 2015 година, тој освои се што може да се освои со клубот, а минатата недела го информираше Јирген Клоп за својата одлука.

Иако договорот му истекува на лето и од јануари може слободно да преговара со други клубови, Фирмино нема да го стори тоа се додека Ливерпул е во борба за место кое ќе води во Лигата на шампионите следната сезона.

Ова го потврди неговиот агент Роџер Витман.

„Во овој момент не размислуваме и не зборуваме за понудите кои се на маса“, вели Витман во интервју за Калчомеркато.

„Роберто е стопроцентно фокусиран само на своите обврски во Ливерпул, а тоа е да му помогне на клубот да избори пласман во Лигата на шампионите. Тоа е планот. Откако ќе се исполнат целите на клубот за сезоната, Боби и неговото семејство ќе почнат да размислуваат за тоа кој треба да биде следниот предизвик“, додаде менаџерот на бразилскиот играч.