Connect with us

Фудбал

Само неколку минути по заминувањето на Врсаљко, Атлетико ја потврди неговата замена

Хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во Интер, но Јорганџиите многу брзо најдоа замена.

Откако на Твитер се збогуваа од својот играч кој се уште го има договорот со нив (затоа што застана на позајмица), неколку минути подоцна го објавија името на неговата замена.

Тој е веќе поранешниот играч на ПСВ, Сантијаго Аријас. Тој е фудбалер кој исто така игра на позиција десен бек, има 26 години, а пред ПСВ играше за Спортинг Лисабон и колумбискиот тим Екипадад.

Инаку, тој потпиша петгодишен договор со Атлетико, а трансферот, наводно, изнесува околу 11 милиони евра. Тоа е играч кој му помогна на ПСВ да ја освои 24. титула на Холандскиот шампионат, минатата сезона, а за репрезентативниот тим ги одигра сите натпревари во претходниот Мундијал во Русија. Инаку, тој вкупно одигра 45 натпревари во дресот на Колумбија.