Тајмаут
Само што го купи: Поранешната sвезда во Формула 1 уништи автомобил во вредност од 1,5 милиони евра (ФОТО)
Поранешниот возач на Формула 1, Адријан Сутил, деновиве беше во центарот на вниманието на јавноста.
Сутил имаше сообраќајна несреќа во Монако и целосно го уништи неговиот автомобил кој чини вистинско богатство. Поради неприлагодена брзина, Сутил изгубил контрола и се урнал во столб што се наоѓал покрај патот.
Удрил и во автомобил што доаѓал од спротивна насока, но за среќа никој не е повреден посериозно во оваа несреќа.
Штетата на автомобилот е огромна, така што е јасно дека автомобилот е тотално уништен. Тоа ќе го чини сурово затоа што за овој автомобил плати неверојатни 1,5 милиони евра.

Тоа е автомобил Мекларен Сена ЛМ кој е еден од ретките автомобили што може да се купат. Само 24 беа направени, а Сутил беше еден од шестмината луѓе што го купи овој ѕeвер на почетокот од оваа година.
Но, Мекларен не траеше долго за него и само половина година подоцна тој целосно го уништи.