Фудбал
Само што се врати, а Ибра поставува рекорди во Италија
Милан потешко од очекувањата, преку пресврт славеше со 3:2 против Удинезе. За Златан Ибрахимовиќ, кој на почетокот на јануари пристигна во Милано, ова беше 150-та победа во Серие А, сметајќи ги сите тимови за кои играл.
Швеѓанецот стигна до оваа бројка по 222 одиграни мечеви, што е најдобар просек од сите фудбалери во Серие А. Претходно рекордот го држеше Естебан Камбијасо со Интер.