Фудбал
Само што се врати во форма, напаѓачот на Интер повторно повреден, проблеми за Конте пред полуфиналето
Интер го чека во полуфиналето подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Базел и Шахтјор. Големи шанси има тимот на Антонио Конте сезоната да се закити со трофеј, секако оној во ЛЕ. Сепак, проблеми за тренерот на „Нероаѕурите“ во пресрет на овој меч. Имено, на синоќешниот меч против Леверкузен (2:1) Алексис Санчез ја повреди задната ложа. Првичните информации велат дека ќе мора на пауза најмалку две недели, а тоа значи дека ќе го пропушти полуфиналето, а потоа и финалето, доколку Интер се пласира таму.
Ова навистина е штета за Чилеанецот кој три месеци паузираше поради повреда, а по враќањето на теренот беше еден од подобрите фудбалери на Интер, по што и тимот од Милано се одлучи да ги откупи правата врз него и да потпише договор до 2023-та година.