Connect with us

Фудбал

Само свирете, ова е најголемиот момент во годината за вас – На збогувањето Ибрахимовиќ во свој стил, со една реченица ги замолкна оние кои го исвиркуваа (ВИДЕО)

Солзите на лицето на Златан Ибрахимовиќ, како и солзите на лицата на фудбалерите и навивачите на Милан, го одбележаа збогувањето на легендата од фудбалот.

Швеѓанецот најави повлекување од професионалниот фудбал, а стадионот „Сан Сиро“ пукна од емоции.

Сепак, неочекувано, Ибрахимовиќ доби причина да реагира во негов препознатлив стил.

Малкумина навивачи на Верона го исвиркаа Златан за време на неговиот говор, а кога тој кажа што има, ги „закопа“ гостите со една реченица.

– Само свирете, ова е најголемиот момент во годината за вас, да ме видите мене – рече Ибрахимовиќ и доби овации од симпатизерите на Милан, кои ги наполнија трибините до крај.