Фудбал
Сампдорија го одложи стартот на тренинзите на првиот тим
Повеќето клубови во Италија ќе започнат со тренинзи оваа недела, но тоа не важи за тимот на Сампдорија.
Познато е дека секој играч и член на првиот тим ќе биде тестиран за коронавирус, а тестирањето започна пред неколку дена. Откако Торино потврди дека еден играч е заразен пред два дена, сега и Сампдорија објави дека имаат заразени четири играчи.
Веднаш беа ставени во карантин, а остатокот од тимот повторно ќе биде тестиран. Тројца играчи се позитивни за прв пат, додека еден од играчите е повторно заразен откако неодамна успеа да се опорави.
Клубот потврди дека сè уште нема да започнат со тренинзи сè додека не заврши целата безбедносна постапка. Фудбалерите ќе бидат тестирани уште еднаш следната недела, а доколку нема нови случаи, тогаш ќе започнат со тренинзи.
Ве потсетуваме дека на почетокот на пандемијата, вкупно пет играчи на Сампдорија биле заразени со коронавирусот. На ковид-19 беа позитивни Маноло Габијадини и Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина и Мортен Торзби.