Фудбал
Сампдорија притиска за дефанзивецот на Милан
Дефанзивецот на Милан, Матео Габија може да се пресели во Самдорија. 22-годишниот централен дефанзивец речиси сигурно ќе добие трансфер од „росонерите“ а најголеми шанси да ги осигура неговите услуги има тимот од Џенова. Сепак, Удинезе , Болоња и Емполи исто така ја следат ситуацијата околу поранешната младинска репрезентација на Италија .
Габија веќе играше на позајмица во Лукезе во сезоната 2018/19, по што се врати во Милан . Во текот на минатата кампања тој учествуваше во 8 натпревари во Серија А и помина вкупно 537 минути на теренот.
Во плановите на Сампдорија се и Даниел Малдини и Саму Кастиехо . Интерес за шпанскиот крилен напаѓач има и од Валенсија , каде легендата на Милан Џенаро Гатузо неодамна стана главен тренер.