Connect with us

Ракомет

Самсоненко: Лага е дека ми е понудено да го спасам Вардар, а сум одбил

Објавено:

Шефот на РК Вардар, Сергеј Самсоненко реагираше на текст во локален медиум во кој се тврди дека тој имал „имал шанса да го спаси Вардар – но одбил“.

Тој вели дека во него се изнесени целосно невистинити и непроверени информации, базирани само на шпекулации. По прашањето, според Русинот медиумот не се обратил да побара став или одговор на прашањата, туку „целосно непрофесионално изнесовте информации кои во јавноста предизвикуваат погрешна слика за ситуацијата“.

„Најостро ги осудувам и целосно ги отфрлам неточните информации кои беа објавени. Тврдам дека истите се базирани само на непроверени шпекулации кои кружат со цел да наштетат како на мојот личен углед така и на угледот на РК Вардар. Мој став и одговор на Вашите прашања не беше побаран, но јас сега од Вас одговорно барам докази за невистинитите тврдења кои ги објавивте за двете наводни понуди – сериозни и крупни опции за излез од кризата на колективот Вардар кои јас, од според Вас лични причини сум ги одбил. Сметам дека е недозволливо за еден медиум непроверено и непотврдено да изнесува невистинити и истовремено целосно дискредитирачки информации во јавноста“, се вели во реакцијата.

Воедно Самсоненко во реакцијата бара извинување и повлекување на текстот од медиумот кој го објави.

 

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама