Connect with us

Фудбал

Самуел Умтити покажува дека ништо не му е поважно од парите

Барселона очигледно нема така лесно да се ослободи од Самуел Умтити.

Францускиот дефанзивец пристигна на „Ноу Камп“ во летото 2016 година од Лион за 25 милиони евра и досега за каталонскиот клуб одигра 133 натпревари на кои постигна два гола и додаде една асистенција.

Сепак, тој одамна го загуби местото како стартер, а не добива шанса ни од клупата толку често, па оваа сезона одигра само 90 минути против Осасуна во шпанската Примера и тоа му е единствениот настап оваа сезона.

И покрај тоа, се чини дека на 28-годишникот не му паѓа на памет да го крене сидрото и да си замине од клубот каде заработува околу 11 милиони евра годишно или околу 30.000 евра дневно.

Според „Трансфермаркт“, светскиот шампион од 2018 година со Франција таа година вредел 70 милиони евра, додека моментално вреди 68 милиони евра, но тоа за него не е проблем.

Редовно ги одбива понудите кои доаѓаат до него, седи на клупа и ужива во парите што ги има во Барселона.

Да потсетиме, Умтити има договор со Барселона до летото 2023 година, а потоа треба да ја напушти Каталонија.