Connect with us

Кошарка

Сан Антонио доживеа ново понижување во НБА

Кошаркарите на Хјустон се вратија на победничкиот пат на најдобар можен начин, откако го поразија Сан Антонио како гости со 136:105 и ја сопреа серијата од 4 последователни порази.

Во исто време, Спарс забележаа втор голем пораз, откако беа декласирани од Минесота во својот претходен натпревар. Така тие имаат рамнотежа од 10-12 и имаат две победи под 50 отсто учинок за прв пат од 2009 година, кога имаа 4-6.

– Очигледно во напад работите не ни одат и јас сум во голема мера одговорен за тоа. Во одбрана меѓутоа исто така треба да носиме подобри решенија и генерално ни претстои доста работа, рече тренерот Грег Поповиќ, чиј тим за 4-ти пат во сезоната прима барем 135 поени. За претходните 22 кампањи во кои Поповиќ го водеше тимот, тоа се случи само двапати.

„Ракетите“ поведоа со 39:23 по првата четвртина, а на паузата водеа со 70:47, додека по третата четвртина резултатот гласеше 110:74 и веќе се беше јасно. Гостите постигнаа 22 тројки, од кои 7 беа на Ерик Гордон. Џејмс Харден постигна 23 поени и 10 асистенции, а Крис Пол се врати со 14 и 10 поени, откако ги пропушти претходните 3 натпревари за неговиот тим.

Останатите резултати во НБА:

Филаделфија – Вашингтон 123:98
Бостон – Кливленд 128:95
Детроит – Чикаго 107:88
Мајами – Њу Орлеанс 106:101
Шарлот – Јута 111:119
Бруклин – Мемфис 125:131 (две продолженија)
Оклахома Сити – Атланта 124:109
Портланд – Денвер 112:113
Феникс – Орландо 85:99
Л.А. Лејкерс – Далас 114:103.