Connect with us

Фудбал

Санчез има избор меѓу неговиот стар пријател Пеп или некогашниот голем ривил Мурињо

Црените ѓаволи и Мурињо повторно се замешуваат во плановите на Пеп Гвардиола, нуди 25 милиони фунти и дополнително Хенрих Михитаријан е вклучен во трансферот од страна на Јунајтед.

Алексис Санчез во летниот преоден рок беше на чекор до Манчестер Сити, но Арсенал во последен момент се повлече од зделката.

По повредата на Габриел Жесус, „Граѓаните“ сега го обновија интересот и доставија понуда вредна 20 милиони фунти.

Се најавуваше дека Чилеанецот следната недела ќе се пресели на Етихад, но сметките на Пеп Гвардиола може да ги поремети неговиот стар непријател, Жозе Мурињо.

Медиумите од „Островото“ пишуваат дека Манчестер јунајтед доставил понуда од 25 милиони фунти, а „Црвените ѓаволи“ во зделката можат да го вметнат и Хенрих Михитарјан.

Во меѓувреме, новинарот Макс Карденас откри дека покрај Манчестер јунајтед, во трката се приклучува и Ливерпул, но додава дека играчот го има последниот збор и Алексис сака да игра под водство на Пеп.