Connect with us

Фудбал

Санчез ќе заврши во Манчестер, Арсенал имаат неколку опции за негова замена

Алексис Санчез сигурно заминува од Арсенал, но кого ќе доведе Арсен Венгер во негова замена. Арсенал има повеќе опции, но една се чини најдобра, да се продаде Чилеанецот во Јунајтед за Михитаријан и кеш. Неколку опции на Арсенал:


ХЕНРИК МИХИТАРЈАН

Ерменецот би требало да биде дел од трансферот на Алексис Санчез на Олд Трафорд. Венгер е голем фан на Мики, и на Французинот му беше понудена шансата да го купи играчот уште кога тој беше дел од Дортмунд. Арсен Венгер исто така го цени многу и Антони Марсијал, но „Црвените Ѓаволи“ не се подготвени да се разделат со Французинот.


МАЛКОМ

20 годишниот Бразилец е на радарот на многу гиганти од Eвропа, но се верува дека Арсенал е во пол-позиција. Во Малком, Арсен Венгер гледа идеална замена за Алексис Санчез. Фудбалерот на Бордо на Емирати би требало да пристигне за 35 милиони фунти.


ПЈЕР ЕМЕРИК ОБАМЕЈАНГ

Летното засилување Александре Лаказет добро ја започна кариерата во Арсенал но Французинот влезе во голгетерски пост, па Пјер Америк Обамејанг ќе треба да биде одговорот за решавање на овој проблем. Габонецот како казна беше изоставен од тимот на Дортмунд за вчерашниот дуел со Волфзбург, па тоа само ги подгреа шпекулациите за негов трансфер. Се шпекулира дека Арсенал веќе се има договорено со напаѓачот и работи на реализација на трансфер од 60 милиони евра (53 милиони фунти).