Фудбал
Санчез под истрага од УЕФА, постои можност Чилеанецот да добие подолга забрана
Чиленскиот репрезентативец, Алексис Санчез, пред неколку дена потпиша за Црвените Ѓаволи. Трансферот на Санчез на „Олд Трафорд“ го прави најскапо платениот фудбалер во Премиер лигата, со неделна плата од 450.000 евра, односно годишна од 23,6 мил. евра.
Пред него се само Нејмар (36 мил. евра), Лионел Меси (35), Кристијано Роналдо (32), Оскар (24).
Санчез во пресрет на трансферот се соочува со тежок проблем. Санчез е под истага од страна на УЕФА затоа што не се појавил на претходно договорениот термин за допинг-тест.
Чилеанецот требал во понеделникот да даде примерок од крв во Лондон, но не се појавил на договорената локација. Медиумите пишуваат дека за се е крив Арсенал, кој не ја информирал УЕФА дека Санчез нема да се појави на договореното тестирање.