Фудбал
Санчез прво како позајмен
Италијанскиот калчолигаш Рома ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на чилеанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез.
Крилниот напаѓач актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во редовите на Интер, но „нероазурите“ не сакаат да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната. И челниците на Рома сакаат прво да го позајмат поранешниот фудбалер на Удинезе, Барселона и на Арсенал.
vecer.press