Connect with us

Други спортови

Санкциите за спортот во Русија продолжуваат, а тоа сега на своја кожа го почувствува и самиот Владимир Путин

Меѓународната џудо федерација го суспендираше рускиот претседател Владимир Путин од функцијата почесен претседател на таа организација.

Путин, кој има црн појас во џудо, нареди инвазија на Украина и затоа неговата земја трпи многу санкции, вклучително и спортот. Поради тоа тој беше суспендиран од функцијата почесен претседател на Меѓународната џудо федерација.

Големата награда на Формула 1 што требаше се одржи во Сочи е откажана, а претходно беше најавено дека финалето на Лигата на шампионите од Санкт Петербург се сели во Париз, додека Меѓународната одбојкарска федерација соопшти дека поради влошувањето на ситуацијата во Украина повлекува два од овогодинешните турнири во Лигата на нации за одбојкарите кои требаше да играат во Русија.

Руската фудбалска репрезентација во март треба да игра бараж за Светското првенство во Катар, но поради војната, сите три потенцијални ривали (Полска, Шведска и Чешка) изјавија дека не сакаат да играат со Русија.

Се верува дека ова е само почеток на серијата санкции со кои ќе се соочат руските спортисти и спортови во таа земја.