Фудбал
Санти Казорла по шест години го напушта Арсенал и се враќа во Шпанија
Шпанскиот фудбалер Санти Казорла пред неколку недели конечни се врати на тренинг по повредата на тетивата поради која мораше да паузира 18 месеци.
Казорла последен пат на теренот во дресот на Арсенал се појави, октомври 2016. година, кога ја повреди Ахиловата тетива, а потоа дојде пеколен период. Шпанецот мораше да направи 11 операции и кога сите мислеа дека ќе ја заврши кариерата, тој се врати на тренинг.
Навивачите на Арсенал беа среќни кога го видоа повторно во на теренот, но не успеа да се врати во натпреварувачка форма. Сепак, англиските медиуми пишуваат дека Казорла на почетокот на сезоната ќе се врати на теренот, но не во дресот на Арсенал.
На крајот на наредниот месен договорот на Казорла со Топџиите истекува и речиси е сигурно дека нема да ја продолжат соработката. Меѓутоа, Казорла најверојатно ќе се врати во Виљареал, а тоа го потврди и амбасадорот на клубот, Маркос Сена.
“Би сакал да кажам дека Санти ќе се врати ова лето во Виљареал и веќе ќе биде со тимот во пред-сезоната”, рече Сена.