Фудбал
Сари: Ако со мене ја освоивте титулата, мора да сте многу добри!
Маурицио Сари по освојување на Калчото со Јувентус, што е негова прва титула во кариерата, се пошегува на сопствената сметка
-Посебно е чувстството секако.Тешко се освојува вакво нешто. Станува уште покомплицирано бидејќи мораш константно да продолжиш да победуваш, истакнал Сари по освојувањето на трофејот.
Стратегот на Јуве пред медиумите истакнал и што им порачал на фудбалерите по освојувањето на трофејот.
-Им кажав: Ако со мене сте освоиле титула, со човек кој никогаш не освоил ништо, тогаш мора да сте многу добри, истакнал Сари со насмевка на лицето.