Connect with us

Фудбал

Сари е разочаран по поразот од Милан

Тренерот на Лацио , Маурицио Сари, го изрази своето разочарување по поразот од Милан со 1:2 во натпреварот од 34. коло на Серија А. Така Лацио остана на седмото место со 56 бодови, додека на врвот излезе  Милан со 74.

„Дадовме се во првото полувреме, но во второто плативме за тешката недела што ја испраќаме. Многу од играчите имаа треска и немаа сила цели 90 минути.

Направивме грешка во клучниот момент од натпреварот кога не бевме под притисок, што е разочарувачки. Многупати ја губевме топката, нашите контранапади не работеа, а по израмнувачкиот гол имавме потешкотии.

Атмосферата на стадионот беше добра, но повеќето гледачи беа навивачи на Милан“, коментира Сари. Ултрасите на Лацио го бојкотираа натпреварот во знак на протест поради високите цени на билетите.