Фудбал
Сари: Игуаин? Веќе го имам Мората
Ако судиме по последната изјава на Маурицио Сари, Челзи ова лето нема да доведе нов напаѓач.
Иако веќе долго време со „Плавите“ се поврзува Гонзало Игуаин, сепак изгледа дека во Челзи остануваат верни на својот сегашен напаѓач Алваро Мората, кој зад себе има доста лоша сезона во Англија.
На прашањето за Игуаин, Сари даде јасен одговор.
„Игуаин? Веќе го имам Мората. Го чекам во неговото најдобро издание. Досега одигра многу пријателски натпревари во Австралија и задоволен сум со него, и оптимист по прашањето за неговата иднина“ порача Сари.
Инаку, Сари и Игуаин имаа соработка во Наполи, но не ја завршија на најдобар начин со оглед на фактот што Аргентинецот му „забоди нож во грбот“ со заминувањето во Јувентус.