Connect with us

Фудбал

Сари конечно ја решава мистеријата зошто Де Лихт не игра

Од неговото пристигнување во Јувентус и повредата на Џорџо Киелини, Матијас Де Лихт е незаменлив член во стартната постава на „Бјанконерите“.

Во последните недели Де Лихт го гледаше натпреварите на Јувентус од клупата, што беше доволна причина медиумите во Италија и Шпанија да започнат да шпекулираат за различни теории.

Мистеријата за тоа зошто талентираниот Холанѓанец не игра во последно време пред натпреварот со Рома, ја реши тренерот на „Старата дама“, Маурицио Сари.

Сари, меѓу другото, рече дека физичките проблеми се главната причина зошто 20-годишникот не се појавил на неколку неодамнешни натпревари.

„Тој почнува да се подобрува, има мали проблеми со грбот, кои се надевам ќе бидат решени многу бргу. Чувството е дека тој се врати на своето вообичаено ниво“, рече Сари.

Леонардо Бонучи планираше да одмори неколку натпревари во текот на јануари, но сепак, Маурицио Сари не можеше да му помогне заради проблемот на Де Лихт.

Де Лихт успешно го замени Мерих Демирал, а сè уште не е познато кога холандскиот репрезентативец ќе може повторно да игра во почетниот состав.