Фудбал
Сари му се заблагодари на Роналдо и кажа зошто го замени!
Маурицио Сари зборуваше за Роналдо и играта на тимот по победата над Милан на стадионот „Алијанц“.
„Мора да му се заблагодариме на Роналдо затоа што направи жртва, за да биде денес тука во таква тешка ситуација. Тој направи се за да игра, но видов дека не е добро и јас мислев дека најдобро е да го заменам.
Природно е играчот да се фрустрира кога ќе го напушти теренот, особено кога напорно работеше за да биде таму. Ми се допадна духот што го покажа екипата, но треба да се подобриме откако направивме многу грешки.
Милан имаше неколку удари, но повеќето беа надвор од шеснаесетникот. Тие имаат одличен квалитет во средниот ред и играа над просекот што го покажаа оваа сезона.
Во текот на изминатиот месец Роналдо имаше помал проблем со коленото, тој претрпе сериозен удар при тренирање и повреда на лигаментите. Повредата влијае на неговите настапи.“