Connect with us

Фудбал

Сари: Не сакам да знам за Интер, фокусирани сме на Спал!

Јувентус на утрешниот натпревар ќе гостув кај Спал, кој минува ни многу лош момент, бидејќи го смени и тренерот. И покрај тоа што противникот е на последното место на табелата, тренерот на „Бјанконерите“, Маурицио Сари бара целосен фокус на натпреварот.

Јувентус во среда игра во Лигата на шампиони, а потоа е домаќин на Интер со кој се во директна борба за титулата во Серија А. Сепак, според Сари целото внимание треба да биде на Спал.

„Не сакам да знам за следната недела и за играчите кои можеби ќе изостанат на натпреварот против Интер, доколку бидат казнети со картони. Целиот фокус треба да биде на утрешниот натпревар против Спал. Ние сакаме да победуваме на натпреварите еден по еден“, изјави тренерот на „Старата дама“.

Потоа, Сари исто така истакна дека Кјелини речиси целосно се опорави од повредата.

„Џорџо е многу добар. Во последните чекори е да биде 100% подготвен. Најдобрата можна екипа утре ќе слезе на теренот. Формација? Тоа зависи од играчите што ги имаме на располагање. Верувам дека тоа ќе биде 4-3-3“.