Фудбал
Сари отпиша уште еден играч од средниот ред за во клубот да го донесе својот миленик
Миралем Пјаниќ би можел на крајот на оваа сезона да го напушти Јувентус и да ја продолжи кариерата во Барселона, а веќе е познато кој ќе го заземе неговото место во тимот на „Старата дама“.
Шпанските медиуми утрово објавија дека Пјаниќ се согласил на трансферот во Барселона, и дека останува клубовите да се договорат за други детали. Еден играч од каталонскиот клуб скоро сигурно ќе биде вклучен во трансферот, а како што стојат работите, тоа ќе биде Иван Ракитиќ.
Јасно е дека Маурицио Сари сака да направи некои промени во средниот ред, а целта му е да донесе играчи кои се нешто поодбранбено ориентирани. Прва желба на Сари е сепак Жоржињо со кого работеше во Наполи и Челзи.
Жоржињо замина во лондонскиот клуб токму поради Сари, а се чини дека тие би можеле да соработуваат и во Јувентус. Наводно, „Старата дама“ веќе започнала преговори за Жоржињо и Челзи е заинтересиран за продажба.
Според „Калчомеркато“, лондонскиот клуб е подготвен да го ослободи Жоржињо за 40 милиони евра, што е приближно бројка што Јуве сака да ја плати. Сари ќе направи простор за Жоржињо во тимот и во случај Ракитиќ да дојде затоа што веќе го отпиша Адриен Рабиот.