Фудбал
Сари: Ова Светско првенство е навреда за фудбалот
Пред нас е Светското првенство во Катар, кое е специфично по многу нешта, а еден од нив е и времето на неговото одржување.
Поради високите температури во оваа земја, првенството мораше да се помести и ќе се игра во ноември и декември, односно мораше да се направи голема промена во календарот, фудбалот да запре на сред сезона, што има никогаш порано не се случило.
„Ова го гледам како навреда за фудбалот. Ако некој ми објасни што може да му донесе оваа преселба во Катар на фудбалот, а не се работи за пари, на Манчестер Сити и ПСЖ, можам да се предомислам“, коментира тренерот на Лацио, Маурицио Сари.