Connect with us

Фудбал

Сари: Сакаме да ги задржиме најдобрите играчи, но не по секоја цена

Шпанскиот напаѓач на Челзи, Алваро Мората е постојано поврзан со напуштање на клубот.

Мората секојдневно се поврзува со преселба во Милан, а интересна изјава имаше раководе менаџерот на Челзи, Маурицио Сари.

Тој практично рече дека Мората може да оди ако сака и дека ништо не го попречува во тоа.

“Треба да ги задржиме нашите најдобри играчи, но не по секоја цена, ги сакаме, ако сакаат да бидат тука. Некои може да ги убедиме да останат, но ќе видиме како ќе оди. Само сакаме да направиме понатамошен напредок “, рече Сари.

Мората со пристапувањето во Челзи покажа навистина лоши игри, а минатата сезона постигна само 11 гола, иако беше најавен како големо засилување.