Connect with us

Фудбал

Сари: Секогаш е тешко против Раниери!

Јувентус следното коло ќе игра против Сампдорија. „Бјанконерите“ нешто порано ќе го одиграат 17. коло, бидејќи овој викенд ќе се посветат на Суперкупот на Италија против Лацио.

Во пресрет на средбата зборуваше тренерот на тимот, Маурисио Сари.

„Tоа ќе биде тежок натпревар. Тие се подобруваат и сакаат победа на дербито. Екипите на Раниери секогаш се тежок предизвик.

Ќе ни треба високо ниво на перформанси. Рабиот е играч кој се подобрува и треба да игра. Во овој момент од сезоната Матуиди се жртвува. Тој дава многу на теренот и троши многу енергија за нас. Отсекогаш сме го носеле во себе имиџот на силен, победнички тим. Треба напорно да притискаме и да дадеме се од себе. Треба да ја оценам состојбата на играчите за да одлучам кој ќе игра утре. Шчесни нема да игра бидејќи не е подготвен“.