Фудбал
Сари за Куртоа: Јас само сакам мотивирани играчки во тимот
Тренерот на Челзи, Маурицио Сари ја остави отворена можноста, Тибо Куртоа да го напушти клубот до крајот на преодниот период.
За неговите услуги сериозно се заинтересирани во Реал Мадрид, а британскиот „The Sun“ пред неколку дена ја објави информацијата дека неговиот агент побара од сопственикот на клубот, Роман Абрамович, да го пуштат во Мадрид за 40 милиони фунти.
На тој начин Белгиецот ќе биде поблиску до неговите деца во Мадрид, а очигледно ништо против овој трансфер нема Маурицио Сараи.
“Јас не сум заинтересиран за разговор со агентот, заинтересиран сум за играчот. Сакам да го слушнам Куртоа. Ако неговите зборови се исти, ќе треба да разговарам со лидерите на клубот бидејќи тимот сакам да имам само играчи кои се најмногу мотивирани да играат тука”, рече Сари.
Куртоа има само една година договор со Челзи и нема намера да го продолжи тоа. Инаку, преодниот рок на островот завршува во четврток навечер.