Connect with us

Фудбал

Сасуоло ја „прегази“ Рома, Џеко и Верету спречија „потоп“

Иако Рома имаше поголем посед на топка и повеќе удари кон противничкиот гол, сепак уште еднаш се покажа дека статистиката на крајот не мора ништо да значи. Сасуоло во извонреден меч ја совлада „Волчицата“ со 4:2. Малку валеше па ова да биде вистински „потоп“.

По само 16-минути игра домаќините водеа со 2:0, а главен „виновник“ бепе Капуто, стрелец на двата голови. Во 26-тата веќе беше 3:0, стрелец на голот Џуриќиќ и тука беше јасно дека Рома ќе доживее висок пораз.

Во вториот дел, поточно во 55-та Џеко погоди за 3:1, па ја врати неизвесноста. Во 69-тата Пелегрини добива втор жолт, а Рома и со играч помалку во 72.минута успеа да намали на 3:2 преку Верету од пенал. Но, две минути подоцна Бога постигнува одличен погодок за 4:2, гол со кој го сруши моралот на противникот кој до крајот немаше сили за нов гол.

Standings provided by Sofascore LiveScore