Connect with us

Фудбал

Саудијците го доведоа најскапиот селектор на сите времиња и му дадоа 90.000.000 евра!

Саудиска Арабија не само што сака да троши пари за засилување на клубовите, пред се големата четворка Ал Хилал, Ал Наср, Ал Ахли и Ал Итихад, туку и репрезентацијата да направи пробив. Победата над Аргентина во Катар е историска, годината ќе се прераскажува, но планот на Арапите е да направат вистински бум на Мундијалот.

Затоа беше договорен астрономски договор Роберто Манчини да стане селектор на репрезентацијата на Саудиска Арабија и за три години до Светското првенство во САД, Мексико и Канада да заработи неверојатни 90 милиони евра.

Тоа се 30 милиони годишно, што е дури 10 пати повеќе отколку што имал како селектор на Италија и не е ни чудо зошто наеднаш ја напушти гореспоменатата функција. Манчини стана најскапиот тренер во историјата на фудбалот, заедно со Диего Симеоне и најскап кога се бројат тренерите, а пред него беше поставена задача да го освои Азискиот куп и да се пласира на следниот Мундијал. Сите желби му се исполнија, популарниот Манчо ќе го донесе својот стручен штаб и штом го заврши одморот на грчкиот остров Миконос ќе потпише богат договор.