Connect with us

Фудбал

Саудискиот принц го купува Марсеј?

Француски Марсеј наскоро би можел да добие нов сопственик.

„L’Equipe“ наведува дека е на повидок промена на сопственичката структура и дека сегашниот сопственик Франк МекКурт веќе постави цена на која би се согласил без многу размислување.

МекКурт е подготвен да го продаде Марсеј за 250 милиони евра, од кои 150 милиони би се однесувале за покривање на постојните обврски.

Наводно, нов сопственик ќе биде саудискиот принц Ал Валид Бин Талал, а веќе се водат преговорите.

Ако тоа се случи, јасно е дека принцот нема да штеди пари и треба да очекува нов Марсеј со многу поголеми амбиции и поквалитетен играчки кадар.

Марсеј чека на трофејот од 2012 година.