Connect with us

Фудбал

Саудискиот принц со „мала“ награда за фудбалерите: Што ќе им даде ако ја поминат групата?!

Фудбалерите на Саудиска Арабија ја направија најголемата сензација со победата од 2:1 против Аргентина на отворањето на Светското првенство во Катар.

Саудијците станаа вистински херои, не само во својата татковина, а репрезентативците по таа победа имаат добри шанси да ја минат групата, во која се уште играат против Полска и Мексико.

Саудиска Арабија стигна до нокаут фазата на Светското првенство во далечната 1994 година, а успехот на својата репрезентација го прослави саудискиот принц.

По еден Ројс за секој

Така, принцот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман, одлучи да им подари Rolls Royce Phantom на сите фудбалери од Саудиска Арабија, вкупно 26 од нив.

Не се знае која верзија на Phantom ќе ја добијат играчите, а цените на тој Ројс варираат од 460 до 700 илјади долари, во зависност од опремата.

Можеме само да се запрашаме со што ќе ги награди Принцот ако ја поминат нивната група.