Фудбал
Саутгејт повика на фокусирање пред Светското првенство
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт откри како ќе ги подготви играчите за Светското првенство во Катар, кое започнува следната недела.
„Сакаме да разговараме со играчите за возбудата од одењето на Светското првенство. Ја разбираме потребата да се коментираат настаните надвор од теренот што го опкружуваат овој турнир и сакаме играчите да го искусат истиот ентузијазам што го имале од детството. Наша задача е да го зачуваме. Важно е да се префрлат од нивниот напорен клупски распоред на размислување за Англија. Можеме да го направиме овој период најдобар“, изјави Герет Саутгејт за Malaymail.
Светското првенство ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември. Противници на Англија во групата Б ќе бидат САД, Иран и Велс.
Во нивниот прв натпревар, селекцијата на Герет Саутгејт оди против Иран на 21 ноември.