Connect with us

Ракомет

Савенко: Се подготвував да играм против Карабатиќ, Абало или Хансен, а сега треба да се грижам за Дорел и Аурел

Поради пандемијата на КОВИД-19, капитенот на Динамо Букурешт, Дан Савенко од ракометар стана полицаец, и се грижи за контрола во полицискиот час кој е присутен и во Романија.

Имаше доста прашања кои му ги поставуваа новинарите.

– Малку е чудно, нели, од ракометниот терен на улица?

„Да, многу е чудно. Се подготвував да играм против со Карабатиќ, Абало или Хансен и сега треба да се грижам за Дорел и Аурел. Но, немаме што да правиме, се прилагодуваме. Тоа е предизвик за нас, со кој сигурно ќе се соочиме.“

– Дали патролирате по улиците или имате друга работа?

„Бев назначен на одделот 24 во Букурешт. Тоа е некаде во населбата Ферентари. Се шегував малку, отидов директно на колеџ, отидов во средно училиште. Во осум часот наутро мора да се појавиме на станицата. Ние сме двајца спортисти од Динамо, придружувани од полицаец.“

Дан Савенко на овој потег се одлучи поради недостиг на полициски службеници кои се задолжени за спроведување на мерките за заштита, и спречување на ширење на вирусот.