Connect with us

Фудбал

Се бара кртот во Баерн (М)

Ситуацијата во Баерн (М) е далеку помирна откако шампионот на Германија со убедливи 5:1 ја победи екипата на Бенфика и обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони.
Пред почетокот на натпреварот доминираа информациите дека дуелот во Минхен ќе биде последниот на Нико Ковач како предводник на баварскиот гигант.

Сепак, спортскиот директор на Баерн (М), Хасан Салихамиџиќ пред почетокот на натпреварот изјави дека хрватскиот стручњак ќе биде во тренерското столче и за претстојниот првенствен дуел против екипата на Вердер од Бремен.

Германските медиуми ја пласираа и шпекулацијата дека клупските челници веќе седнале на преговарачката маса со трофејниот француски стручњак, Арсен Венгер.

  • Не. Со 100% сигурност можам да ви потврдам дека нема вистина во таквата информација. Разговаравме за проблемите кои ги имаме, но во ниту еден момент не сме разговарале за нов тренер, додаде Салихамиџиќ.

Новинарите ги интересираше од каде протекуваат таквите информации и дали постои крт во соблекувалната на Баерн (М).

  • Ако постои крт, може само да замислите што ќе му направам ако го фатам, додаде Салихамиџиќ.